Концерт viktora

21 април, 2015

Виктор Апостоловски за првпат со концерт во Скопје

Пејачот Виктор Апостоловски, кој македонската јавност го памети по финалето во „Идол“, во среда ќе се престави во живо со концерт пред скопската публик . Периодов кој измина Виктор го искористи за промоција на новиот албум, но и за работа на еден нов проект кој допрва ќе се развива. Апостоловски заедно со својот бенд работат на кавер верзии на популарни светски хип-хоп и ар-ен-би хитови кои посетителите ќе имаат можност да ги чујат во среда во клубот „Блок“ во Скопје.

 

Од она што досега го слушнавме и видовме на Јутјуб, станува збор за комбинација на опасни хип-хоп мелодии со моќни гитарски рифови и бит бокс.  Влезот во клубот „Блок“, кој се наоѓа во ТЦ „Мавровка“ спроти факултетите, ќе биде бесплатен, а концертот ќе започне по 23.00 часот.

Повеќе информации околу настанот можете да дознаете на Фејсбук.



Врати се горе ↑