Македонија viktor

19 ноември, 2013

Виктор Апостоловски со видео запис за новата песна „Ми фалиш ти“

Македонскиот идол, Виктор Апостоловски ќе го промовира видео записот за својата нова песна „Ми фалиш ти“. По успешната работа за други македонски автори со потпис на многу успешни проекти, Виктор конечно се јавува како комплетен автор на својата песна.

„’Ми фалиш ти’ започнав да ја пишувам уште за време на Идолот, но песната си го започна својот живот уште во процесот на правење, така што имаше период на пресврт кога после подолга пауза се навратив и песната сама ми наметна што ѝ е потребно. Многу важен момент во правењето на песната беше продукцијата, но токму заради фактот што има некоја лична приказна во песната, продолжив да ја работам сам. Затоа возбудата што денес ја имам како готов производ е поголема“ – изјави Виктор.

Комплетниот производ, песната „Ми фалиш ти“, чиј видео запис ќе се промовира на 22-ри ноември е целосно направен од Тривиа продукција. Најавата можете да ја видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑