Македонија

15 јуни, 2018

Виктор Апостоловски со песна за Битола

Виктор Апостоловски е најновиот во низата музички творци што го опеале градот на конзулите и еден од најопеаните градови во Македонија, чие име е спомнато во стиховите на стотици песни. Имено, популарниот битолчанец деновиве го снимаше и видеото за новата песна посветена на родната Битола, чиј наслов дека гласи „Бон-тон“, а премиерата се очекува за неколку дена.

Фотографија на Viktor Apostolovski.

Како и најголемиот дел од неговите досегашни дела, комплетен автор на песната е самиот Виктор, кој со видеото сака да прикаже и помалку познати делови од градот, како што е неговата населба Баир. „Луѓето знаат дека сум од Битола, но не знаат од каде сум точно, не знаат дека сум од Баирот. Затоа сакав да претставам некои елементи од градот што луѓето не ги знаат. За тоа се работи и во самата песна, затоа мислам дека ќе биде добро прифатена“, изјави тој за битолската телевизија „Тера“.

Фотографија на Viktor Apostolovski.

Освен низ Баирот, дел од кадрите се снимени и на шеталиштето, паркот и скејт-паркот, а покрај Апостоловски (требаше да) видиме и голем број познати битолски фаци. „Благодарност до сите шо се нафативте, пријавивте, сакавте сами или сум ве поканил… сите шо ми ветивте и не се појавивте! Снимаш песна за Битола, а Битола ја нема… Ама океј… таман ми се погодивте тематски… значи тоа што се зборува во песната е навистина така“, напиша Виктор, споделувајќи фотографии од снимањето.

Етеееее … И то бидна! 😁Прво… благодарност до сите шо присуствуваа на спотот! Малку бевме… ама ве почитувам до…

Gepostet von Viktor Apostolovski am Dienstag, 12. Juni 2018

 

Песната за Битола е само една од низата активности и проекти на кои Виктор работеше периодов, меѓу кои и заедничкиот албум со американските колеги, „Planet X“, а работно ќе му помине и претстојното лето, кое ќе биде исполнето со настапи во и надвор од Македонија. Имено, заедно со колегата диџеј ТајтБитс (TightBeats), со кого неодамна го започна проектот „Ту-бед“ (2Bad), цел месец ќе настапува и на грчкиот остров Иос, а потоа ќе следи и гостување во Холандија, додека август ќе биде резервиран за заедничката турнеја со колегите Марко Логаут и Александра Јанева, со кои ќе ги пее најголемите хитови на Тоше.

Целиот разговор за „Тера“ погледнете го во продолжение.



Врати се горе ↑