25 септември, 2014

Виктор Апостоловски со нова песна и видео запис за „Другата во тебе“

„Другата во тебе“ е најновата песна на Виктор Апостоловски, чиј видео запис се промовираше денеска на неговиот официјален канал на ЈуТјуб. Музиката е на Зоран Алексиќ, а текстот е дело на познатата пејачка Рената Кралевска.

„Песната раскажува за девојката која ја посакувам, но која има своја немирна страна, девојката која не можам лесно да ја придобијат и за која треба да се борам со другата во неа. Треба да го скротам нејзиниот немирен дух. Ова е приказна за сите девојки кои сакаат да бидат освоени од посилниот пол, а со оглед на тоа што текстот е на извонредната Рената Кралевска, ја објаснува женската перспектива. Дефинитивно е приказна која ќе ги „допре“ сите девојки и очекувам да биде вистински хит во медиумите“ изјави Виктор. 

Видео записот е потпишан од Илија Тодоровски, како режисер а продукцијата е на Sky Eye entertainment. Во спотот се искористени кадри снимени во Кавадарци.

„Снимањето на спотот во хангар во Кавадарци беше навистина интересно искуство. Како главен лик се појавува моделката Дејана Попоска, која со мене и целиот тим посветено работевме на кореографијата со танчарите од Beatrix Crew, со цел видеозаписот да биде интересен и да ги исполни очекувањата на фановите”, додаде Виктор.

Спотот за песната „Другата во тебе“ е поддржан од компанијата Дурекс, чијшто амбасадор за Македонија е младиот Виктор. За изгледот на Виктор се погрижи брендот Collezione.



Врати се горе ↑