Македонија 12141544_10153204117378652_2997953889052481358_n

18 октомври, 2015

Виктор Апостоловски со нова песна и најава за видео запис

Неколку месеци после освоената награда за „Најдобар сценски настап“ на „Макфест 2015“ и после долг летен одмор, Виктор Апостоловски повторно се враќа на македонската сцена и тоа со нешто стилски поинакво од песните во неговиот прв албум.

„Песните во мојот прв албум беа направени пред и за време на ’Македонскиот идол’, што значи пред 4-5 години. Тоа е еден огромен период, особено за луѓе кои работат со своите чуства. Сите ние растеме, созреваме и се менуваме, како физички, така и духовно, па така се менуваат и работите што ги создаваме. 

Оваа песна ја напишав пред година дена и планирав да ја пласирам на англиски пазар, но, пред неколку месеци слушајќи ја ми дојде инспирација да напишам текст на македонски, и тоа одлично профункционира. Во песната се работи за една прекрасна девојка по која сите паѓаат во несвест, напишана е на еден интересен ар-ен-би грув, кој на сите што им го пуштив претпремиерно ги натера да играат. И бидејќи ар-ен-би музиката е малце подзаборавена на нашата сцена, мислам дека песнава добро ќе ни дојде на сите што сакаме клупски забави.

Пред неколку дена снимивме и спот, кој за недела-две треба да биде готов, а до тогаш, песната ќе може да се слушне само на нашите радио станици“, рече Виктор, кој наскоро ќе го видиме и во уште едно фестивалско издание, со настап на престојниот „Скопски фестивал“.

Екипата на битолската телевизија „Орбис“ го „улови“ Виктор за време на снимањето на новиот видео запис, а што имаше да каже познатиот пејач за неговите идни планови можете да дознаете во продолжение.

 



Врати се горе ↑