Аудио

17 јануари, 2019

Виктор Апостоловски откри што му предизвикува „Нервоза“

„Напишана во 2011 година… ден-денес вистина“, вака Виктор Апостоловски ја претстави својата нова песна насловена „Нервоза“, во која на гитара му гостува колегата Владко Симоновски и која ќе се најде на претстојниот албум насловен „Во срцето“ што се очекува да излезе наскоро.

„Во секој бунт барам спокој, секогаш е некој крив, но кој?! Иако живеам поезија и проза, засекогаш е моја е таа… проклета нервоза!“, пее мултиталентираниот битолчанец, кој освен што пишува, компонира, пее и свири, викендов ќе се обиде да се докаже и како диџеј.

Ај за убо нека е! 😀 И диџеј се пишав во животов 😀 Елате си петок 😀 грб сОгрб со Ognen Dimovski

Gepostet von Viktor Apostolovski am Mittwoch, 16. Januar 2019

 

На претстојното издание, кое ќе го наследи првенчето „Во моите сни“ од 2015 година и е насловено по истоимената песна од 2017, освен „Нервоза“ ќе се најдат и неодамна објавената „Знам“ и битолскиот „Бон-тон, а целиот материјал е опишан како „стилски разнолик, но истовремено претставува тематска целина што раскажува еден дел од неговиот живот, односно сите песни се автобиографски“.

Најчесто пишувам за она што мене ми се случува, понекогаш дури и пред да ми се случи. Иако немав некој зацртан план, кога ќе ги погледнам сите песни, тие се сите поврзани“, откри Виктор неодамна, а што има да каже за својата „Нервоза“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑