Македонија

30 јануари, 2019

Виктор Апостоловски најави промоција на новиот албум „Во срцето“

Вториот студиски албум на Виктор Апостоловски е веќе готов, па деновиве се очекува и официјално да се закаже промоцијата на материјалот насловен „Во срцето“, во издание на битолски „Сенатор“. Покрај насловната тема, на албумот се сместени уште десет други песни, меѓу кои веќе објавените „Нервоза“, „Бон-тон“, „Знам“, „Каде на одмор“, „Само мене“, „Прости ми“ од Скопскиот фестивал и макфестовската „Ни јас, ни ти“, како и сосема новите „Не ми е до песна“ и „Убиј ме“, а бонус-трака е темата „Лектира“, која ја претстави под псевдонимот „Професорот“.

Комплетен автор на сите песни е самиот Апостоловски, а меѓу соработниците е сограѓанинот Владко Симоновски на гитара („Убиј ме“, „Нервоза“ и „Прости ми“) и Илија Ќосевски и Панче Касапски за фестивалските „Прости ми“ и „Ни ти, ни јас“.

За новото издание Виктор рече дека е стилски мошне разнолико, но е тематска целина што раскажува еден дел од неговиот живот, односно дека сите песни се автобиографски. „Најчесто пишувам за она што мене ми се случува, понекогаш дури и пред да ми се случи. Иако немав некој зацртан план, кога ќе ги погледнам сите песни, тие се сите поврзани“, рече некогашниот Идол, дополнувајќи дека се изразува така како што ќе му дојде во моментот.

Кога и каде ќе се одржи официјалната промоција на наследникот на првенчето „Во моите сни“ (2015) ќе дознаеме наскоро.

Албумчето е готовооо!!! 😁😁😁 Наскоро најава за промоција! 😁

Gepostet von Viktor Apostolovski am Dienstag, 29. Januar 2019



Врати се горе ↑