Македонија

15 јули, 2019

Виктор Апостоловски ќе стане „Крал“?

Иако во последниот сингл од актуелниот албум „Во срцето“ тврдеше дека „Не му е до песна“, се чини дека Виктор Апостоловски наскоро ќе нè почести со уште едно музичко парче насловено „Крал“. Имено, битолчанецот деновиве се појави на неколку фотографии со танцовата инструкторка и кореографка Катерина Стојковска, која ќе танцува во видеото за новата песна.

Крал!!! Наскоро…💥🤩🥰

Gepostet von Katerina Stojkovska am Freitag, 12. Juli 2019

 

Имајќи предвид дека Виктор си ги потпишува речиси сите свои песни, веројатно неговиот потпис стои и на „Крал“, а повеќе детали очекуваме наскоро. Неговото име се најде и на неодамна објавениот список со изведувачи за годинашниот „Макфест“, кој ќе се одржува од 10 до 12 октомври во Штип. Тој на макфестовската сцена како изведувач ќе се врати по пауза од четири години, откако во 2015 година дебитираше со „Ни јас, ни ти“ .

Снимање на "Крал" 🙈 со еден и единствен Viktor Apostolovski 🥰🧡Креација на Monika Blazhevska "Бм дизајн"#artdesign…

Gepostet von Katerina Stojkovska am Samstag, 13. Juli 2019



Врати се горе ↑