За Вас potocinja

23 март, 2016

Викендов „Поточиња 2016“ во МОБ

Овој викенд, на 26 и 27 март, во Македонската опера и балет ќе се одржи новото издание на детскиот музички фестивал „Поточиња“. Како и секоја година, „Поточиња“ со игра и песна ќе ја најават пролетта. Од организаторот, „Пап продукција“, најавуваат многу забава и изненадувања за сите присутни.

Водител на фестивалот во маската на нотата „Поки” ќе биде македонскиот актер, Мартин Јордановски, веќе познат за детската публика. Претставите се со почеток од 11.00, 13.00 и 19.00 часот, а билетите може да се набават на билетарницата на МОБ, „Југотон“, „½ Југотон“ и цвеќара „Розе Веро 2“.



Врати се горе ↑