Настани WEEKEND PARTY FLAER Web

17 јули, 2013

ВИКЕНД ЖУРКА на Градиште во Охрид

На 3-ти август (сабота) во Охрид, на 2-рата плажа во Градиште, се случува Викенд журка! Со почеток од 23 часот најавена е петчасовна журка со Слаткаристика, диџеј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други. Покрај нашите домашни артисти, кај нас за прв пат настапува Газда Паја со неговата хит песна „Чке Београдске” и диџеј Ник Капа со светски познатата „Summer love” трака.

Слаткаристика за своето учество на овој настан изјави: „Охрид е екстра место за забава и едвај ја чекам оваа Викенд журка. Тука се моите луѓе, диџеј Ник Капа за чии хитови се изненадив, а Газда Паја сакам ептен да го видам со настап на неговата „Чке Београдске”, дечкото гази! Сигурно ќе си поминеме супер!”

Вечерта во Охрид ќе има  и организиран превоз до плажата Градиште, картите со цена од 200 денари може да се набават на влез, a веќе од овој петок и во претпродажба преку продажната мрежа на МкТикетс. За време најзабавниот Викенд во Охрид не ја пропуштајте Викенд журката на летото, во сабота на 3-ти август во Градиште!

 



Врати се горе ↑