Настани викенд

6 март, 2015

„Викенд во ф’станче“- необична осмомартовска приказна во Скопје

Викендот во ф’станче“ може да започне. Три дена одлична музика, три дена различни активности. Почнувајќи од вечерва во „Штала“, па сè до недела ќе имаме можност да уживаме во интересна програма специјално приготвена за понежниот пол. Денеска, петок, бендот Рингроуд“ (Ringroad) ќе не почести со настап во чест на „Битлси“ (Tribute to the Beatles), тричасовна свирка на која ќе бидат изведени 35 најголеми хитови од познатите „бубачки“.

Забавата е загарантирана, а влезот е бесплатен.

Во сабота, на истата локација ќе настапи „Музаик бенд“ ( Musaiq Band) со вокалот Калина Велковска, а најголемата журка се најавува за недела, 8 март. По повод Денот на жената, 4 познати скопски диџејки почнувајќи од 17.00 па сè до доцна во ноќта ќе се погрижат да ги разиграат посетителите со различни стилови на музика.

Сите девојки кои на настанот ќе дојдат облечени во фустанче со висок струк ќе добијат 50% попуст.

 



Врати се горе ↑