21 февруари, 2016

Викенд во дует со Лорин Хил

Популарниот канадски музичар Викенд деновиве гостуваше во емисијата на Џими Фелон, каде што го отпеа актуелниот хит „In The Night“, за којшто неодамна откри дека го напишал во некогашната спална соба на Мерилин Монро, но овој пат во дует со познатата музичарка Лорин Хил („Фуџиз“). Интересно е тоа што, според некои американски медиуми, пејачите требало да настапат заедно и на неодамнешното доделување на музичките награди Греми, но Хил имала други обврски и не можела убаво да се подготви за изведбата.

Годинешниот добиник на два златни грамофони не можеше да го сокрие задоволството што пее заедно со еден од своите идоли, па можеби ќе нè изненадат со некоја соработка. Како изгледаше нивниот настап можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑