Свет 1147867_28

24 март, 2016

Викенд ја одби Ријана

И покрај тоа што беше најавен како гостин за концертите во Европа, популарниот музичар сепак нема да ја поддржи својата колешка на нејзината светска турнеја „Anti“.

„Заради непредвидени промени во неговите претстојни проекти, Викенд сепак нема да ѝ се придружи на Ријана на нејзината светска турнеја“, наведено е во соопштението, а списанието „Билборд“ пренесе и дека пејачот во моментов работи на својот нов албум и не сака да го прекинува тој процес.

Засега не е познато дали ќе го замени некој друг изведувач, но обожавателите можат да се тешат дека Биг Шон и понатаму е во игра, а и Дрејк знае да се појави без најава.

Ријана и претходно имаше проблеми со турнејата, кога во февруари го одложи самиот почеток заради продукциски потешкотии. Меѓу досега закажаните концерти сè уште нема ниту еден датум за некоја од балканските земји, а најблиску до нас пејачката ќе настапи на годинешното издание на фестивалот „Сигет“ во Будимпешта, каде што е најавена како една од главните ѕвезди.

 



Врати се горе ↑