Видео

15 јануари, 2019

Викенд и Гесафелстин ја претставија „Lost in the Fire“

Канадската ѕвезда Викенд гостува во новиот сингл на францускиот диџеј и продуцент Гесафелстин, а темата насловена „Lost in the Fire“ е најава за неговиот втор студиски албум „Hyperion“, кој се очекува во текот на годинава. Музичарите својата соработка ја заокружија и со интересно, по малку мрачно видео, кое одлично ја дополнува атмосферата на песната, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

Од објавувањето на мошне успешниот трет албум „Starboy“ во 2016 година, Викенд лани го претстави и ЛП-изданието „My Dear Melancholy“, каде што го смести хитот „Call Out My Name“, но освен повремените гостувања во песни на други колеги, сè уште нема официјални информации дали наскоро можеме да очекуваме нов авторски материјал.



Врати се горе ↑