Видео giphy

10 март, 2017

Викенд и „Дафт панк“ ја екранизираа и втората соработка

Канадската ѕвезда Викенд ја екранизираше и втората соработка со француското дуо „Дафт Панк“. Имено, покрај насловната и прва тема од актуелниот албум „Starboy“, музичарите ги здружија силите и за завршната нумера на изданието, „I Feel It Coming“, која заеднички ја изведоа и на годинешното доделување на музичките награди „Греми“.

Уште откако се проби на светската музичка сцена, медиумите почнаа да го споредуваат со Мајкл Џексон, а и самиот Викенд отворено зборувал дека најголемата инспирација ја црпи токму од него. Тоа може да се забележи и во оваа нова, вселенска екранизација, каде што е вметнат суптилен поздрав за неговиот идол.

giphy (2)

giphy (1)

Целата приказна изгледа дека се одвива на некоја друга планета, пејачот и мистериозната скаменета девојка како да се Адам и Ева, а кога ќе ги касне змијата, и двајцата се претвораат во камен. Но, можеби не е сè изгубено и сепак има надеж…



Врати се горе ↑