13 април, 2018

Викенд го екранизираше новиот сингл „Call Out My Name“

„Call Out My Name“ се покажа како омилената песна од неодамна објавеното ЕП издание на канадската ѕвезда Викенд, кое се појави без никаква најава и претставуваше вистинско изненадување за неговите обожаватели. Токму затоа музичарот одлучи да сними и соодветно видео што дополнително ќе ја зголеми популарноста на песната, за која многумина уште при првото слушање претпоставуваат дека е посветена на неговата поранешна девојка Селена Гомез.

Секако дека тој ништо не прокоментираа во врска со овие шпекулации, туку како и повеќето музички ѕвезди, остави музиката да зборува наместо него, па како изгледа „Call Out My Name“ дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑