Аудио

30 март, 2018

Викенд ги изненади обожавателите со нов албум

Откако ги освои топ-листите со хитовите од последниот албум „Starboy“ (2016), за кој се закити и со Греми за најдобар урбан современ албум, канадската ѕвезда Викенд ги изненади своите обожаватели со лонгплеј-изданието „My Dear Melancholy“, каде што смести шест песни. Американските медиуми веднаш започнаа со шпекулации дека темите се посветени на поранешните девојки Селена Гомез и Бела Хадид.

Како главен продуцент на изданието се потпишува Френк Дјукс, а тука е и Скрилекс, чиј потпис стои продукцијата на „Wasted Times“. Сите шест песни се во веќе препознатливиот стил на Викенд, а како звучи сето тоа можете да уживате во продолжение.



Врати се горе ↑