Концерт 559980_429482283818801_227568847_n

7 јануари, 2014

Виена во Струмица: Празничен концерт на струмичките гимназијалци

Во саботата, 4-ти јануари, во Струмица се одржа четвртиот традиционален новогодишно-божиќен концерт на непрофесионалните музичари од гимназијата „Јане Сандански“. Во изведба на хорот и оркестарот од СОУ „Јане Сандански“ под мотото „Кога музиката е водич за сите“ се одржа едночасовен музички спектакл, со двојно прикажување во иста вечер.

Грациозно, професионално, весело, со многу позитивна енергија, препознатлива музика и бројна публика Струмица ја доби својата верзија на популарниот Виенски концерт. Диригентите, професори по музичка уметност, во улога на туристички водичи бесплатно ја прошетаа публиката до Шпанија, Италија, Австрија, Унгарија, Русија, Франција…

Собраните средства од донациите на 1.500 посетители на двата одржани концерти ќе бидат наменети на социјално загрозени семејства во Струмица и Струмичко.

 



Врати се горе ↑