Македонија IMG_0614

12 декември, 2013

Виена, Париз, Милано и Венеција дел од видео записот на Дон и Андреј (ДНК)

Европските метрополи Виена, Париз, Милано, Венеција и нивните најзначајни знаменитости – Виенската Опера, Ајфеловата кула, миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко се само дел од локациите на кои бизнисменот и рапер Дон и Андреј од ДНК го снимаа видео записот за нивната заедничка песна насловена „Животот е круг“. Моќна порака е содржана во текстот на нумерата кој го напиша самиот Дон, а музиката и аранжманот како и комплетната продукција се на еден од нашите најдобри композитори Лазар Цветкоски.

„Среќен сум што конечно имам заедничка песна со еден од моите најдобри другари од естрадата, Андреј од ДНК. Успеавме во неколку дена да ги посетиме европските метрополи и од таму со  снимки кои ќе ги спакуваме во несекојдневно видео да ја доловиме приказната на песната. Со нетрпение очекувам финалниот производ да ѝ го презентираме на јавноста“ – изјавува Дон.

„Верувам во енергијата и пораката што ја носи рефренот на ’Животот е круг’. Искрено се надевам дека ќе допреме до публиката и ќе ја поттикнеме да се бори за она што го сака во животот“ – изјавува Андреј. Видеото го работи 2С продукција, а песната заедно со видео записот ќе биде промовирана за десетина дена.



Врати се горе ↑