Македонија 539622_10151015646353395_620342450_n

28 декември, 2012

Видете како фановите ѝ честитаат роденден на Калиопи

Денеска ѝ е роденден на нашата кралица на поп музиката, Калиопи Букле. Родена е на 28-ми декември во 1966 година, нејзиниот прв успех датира уште во 1976 година кога победи на „Златно славејче“ со песната „Мојата учителка“, а до ден денес Калиопи претставува незаменлива ѕвезда од македонското музичко небо, создавајќи музика која е значаен дел од македонската музичка антологија. Но, покрај Македонија и Балканот, фановите на Калиопи ги има ширум целиот свет. За нејзиниот роденден, честитките од бројни фанови од Шведска, Русија, Германија, Естонија, Бразил, Дубаи и многу други места се споени во еден видео клип кој трае околу 6 минути. Погледнете од каде сè ја поздравуваат и поддржуваат нашата поп дива, а на честитките се приклучуваме и ние: Среќен роденден Калиопи!

 



Врати се горе ↑