28 декември, 2012

Видете ја „Главната улога“ на Емил Арсов

Неодамна беше најавен новиот видео запис на пејачот Емил Арсов за неговата најнова песна „Главна улога“ со која се претстави на годинешното издание на Макфест. Спотот изобилува со секси сцени, каде што покрај Емил се појавуваат и две манекенки од модното студио Моделс Ин, Катерина Стојановска и Александра Видоевиќ. 

Видеото кое го изработи Exit B продукција премиерно ќе биде прикажано следната недела. Освен снимањето на спотот, Емил активно работи на нови песни и го подготвува неговиот деби албум.


Врати се горе ↑