Видео 11143256_803213129769073_4989542559789730302_n

18 мај, 2015

ВИДЕО: „Синтезис“ специјални гости на македонската вечер во Виена

Нашата етно група „Синтезис“ беше специјален госин на македонската вечер во Виена, која се одржа во саботата. Познатите музичари ја збогатија забавата со традиционална македонска музика, а Даниел заедно со нив отпеа и неколку народни песни како што се „Зајди, зајди“, „Јовано, Јованке“ и други, како и „Ој девојче“ од Тоше Проески. Потоа следеше и акустична верзија на евровизиската „Autumn Leaves“ и познатата „Red“ од Даниел Мериведер, песна која му го промени животот и беше клучен фактор за победата на „Х фактор“. Дел од забавата беше и екипата на ESCKAZ, кои редовно ги следат сите настани повзани со „Евровизија“, па каква беше атмосферата на македонската вечер можете да погледнете на снимките во продолжение.

„Ој девојче“ (Тоше и „Синтезис“)

 

„Зајди, зајди“

 

„Јовано, Јованке“, „Лихнида кајче веслаше“

 

Autumn Leaves“

 

Red“ (Даниел Мериведер)

 

Даниел исто така беше и еден од малкуте евровизиски претставници што беа поканети да учествуваат на познатиот „Лајф бол“ (Life Ball), еден од најголемите добротворни настани за СИДА во светот. За оваа пригода Даниел изјави: „Многу сум среќен што сум дел од еден толку важен настан како што е ’Лајф бол’. Ја поддржувам оваа иницијатива за помош на луѓето кои страдаат од оваа болест и балот кој го слави животот на толку посебен начин“.

На овој настан Даниел го изведе познатиот евровизиски хит „Waterloo“ заедно со претставниците од Израел, Азербејџан, Црна Гора, Албанија, двократните ирски претставници и поранешни учесници на британскиот „Х фактор“ – „Џедворд“(Jedward) и други. Со своите хитови настапија и евровизиските победници Кончита Вурст, Лорин, Дејна Интернејшнал и други. Публиката уживаше и со настапите на светски познатите ѕвезди како што се Мери Џеј Блајџ, Софи Елис Бекстор, модната ревија на Жан Пол Готје, како и говори од Оскаровците Шон Пен, Чарлиз Терон и други.

Дел од атмосферата на овој настан можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑