Видео prince_william__bon_jovi_and_taylor_swift

29 ноември, 2013

Видео: Принцот Вилијам запеа со Бон Џови и Тејлор Свифт

На неодамнешната донаторска гала вечер која деновиве се одржа во лондонската палата Кенсингтон, настапија неколку имиња од музичкиот свет како што се Џејмс Блант, Тајни Темпа, Џон Бон Џови и Тејлор Свифт. Но, моментот кој деновиве го привлече вниманието на целиот свет е оној кога принцот Вилијам се качи на сцената и заедно со Бон Џови и Тејлор Свифт го отпеа познатиот хит „Livin’ On A Prayer“. Како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.

 

Џон Бон Џови, чија организација Soul Foundation исто така е посветена на борбата против сиромаштијата, во оваа прилика на присутните потенцијали донатори им рекол: „Ноќ како оваа може да се случи еднаш во животот, но тоа е можност за промени кои можат да ги променат целите наши животи. Секој од Вас вечерва ќе има можност да биде дел од таа промена.“ 



Врати се горе ↑