27 октомври, 2013

Видео: Како се снимаше дуетот на Селин Дион и Ни-Јо

На претстојниот дваесет и петти албум „Loved Me Back To Life“, кој Селин Дион го најави со истоимениот сингл, а неодамна и со темата „Somebody Loves Somebody, ќе се најдат два дуети. Од поодамна е познато дека едниот од нив ќе биде со американскиот Р&Б музичар Ни-Јо, а деновиве беше објавено и видео (горе) од атмосферата во студиото во Лас Вегас додека двајцата музичари ја снимаа баладата која го носи насловот „Incredible“.

„Да се работи со Селин Дион е како да си мало дете во слаткарница, како мало дете со нова играчка.“ – вели Ни-Јо воодушевено, додавајќи: „Сакам да направам нешто неверојатно, нешто што ќе ги натера луѓето да се сеќаваат дека бев тука… Нејзиниот глас е толку голем, јас воопшто не сум потребен тука. Таа можеше да ја отпее песната и сама, мислам дека само беше фина со мене и ми дозволи да пеам со неа.“ Понатаму пејачот шеговито вели: „Нешта што треба да ги направиш пред да умреш: Да напишеш песна за Селин Дион – направено! Да отпееш песна со Селин Дион – направено!“

Новиот албум на Селин на кој ќе се најде и дуетот со Стиви Вондер, ќе пристигне на почетокот на следниот месец.



Врати се горе ↑