6 октомври, 2015

ВИДЕО: Боби Андонов со одлична преработка на „L$D“ од Ејсеп Роки

Одамна ни е јасно дека на нашиот Боби Андонов му претстои блескава кариера, која полека ја гради во изминативе неколку години претставувајќи авторски песни, но и ставајќи свој печат на бројни преработки на познати песни од други изведувачи. Талентираниот Македонец од Австралија деновиве ја објави својата најнова преработка на хитот „L$D“ од американскиот рапер Ејсеп Роки (A$AP Rocky), а сето тоа е дополнето со едноставен, но ефектен видео запис изработен од фотографот Пол Малиган (Paul Mulligan). Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑