23 мај, 2016

Вицешампионите од британскиот „Х фактор“ дебитираат со летниот хит „New Girl“

Дуото Реџи и Боли, кое заврши како второпласирано на минатогодишниот британски „Х фактор“, деновиве го претстави својот деби сингл насловен „New Girl“, чиј заразен ритам и симпатична кореографија гарантираат дека ќе биде летен хит! Момците по потекло од Гана ја воодушевија публиката за време на натпреварот, па токму затоа Сајмон Кауел реши да им даде уште една шанса да ги освојат топ листите.

Реџи и Боли не се единствените вицешампиони што потпишале договор со издавачката куќа на Кауел, а ако се суди по минатите сезони кога второпласираните како што се Оли Мрс и Флер Ист постигнале многу поголем успех од победниците, не би нè изненадило ако и ова дуо ја надмине минатогодишната победничка Луиза Џонсон, која сè уште нема објавено ниту една песна. Пејачката открила дека посветено работи на новиот албум, но „нема да објави ништо што нема да и се допадне“.

Сè уште нема информации дали „New Girl“ е најава за деби албумот на Реџи и Боли, а видео записот снимен во родната Гана можете да го погледнете горе. Уживајте!

13233100_639594496198030_9220579083493085694_n



Врати се горе ↑