Артисти andrej-gjoshev

7 април, 2014

Ви го претставуваме диџеј Андреј Ѓошев

Во Македонија сè почесто се појавуваат млади луѓе кои имаат талент да се претстават како диџеи пред публиката низ клубовите во државата. Еден од нив е и Андреј Ѓошев од Битола кој веќе подолго време ги забавува посетителите на ноќните клубови низ сите градови.

Kариерата ја започнува на 13-годишна возраст присуствувајќи на сите помали забави во битолските клубови и дискотеки. Еминентниот македонски конгист Ацо Конга го препознава неговиот талент и на 15-годишна возраст Андреј Ѓошев е вклучен во неговиот проект „Latino Explosion“. Во наредните 3 години тој заедно со Ацо Конга настапува низ сите кафулиња, клубови, дискотеки и плажи ширум републиката.

Во 2013 година го создава проектот „Saxation“ (Андреј Ѓошев + Игор Sax). Тие функционираат една година, a Андреј преку истиот се истакнува како еден од најангажираните диџеи кај нас. По „Saxation“ и искуството стекнато со прерано починатиот Ацо Конга и нивниот заеднички проект, младиот диџеј  потпишува договор со Иноватива Груп со кои во моментов работи на сите идни проекти и планови. Така, денес, еден од проектите кој ја освежува македонската сцена е „Андреј Ѓошев Project‘‘ (Андреј Ѓошев + Боге Конга) што значи добра забава со еден од најдобрите македонски диџеи.



Врати се горе ↑