19 февруари, 2018

„Ветер шуми“ е новиот сингл на „Етнотрип“

Словенечката група „Етнотрип“, која македонската публика најдобро ја знае по одличните преработки на „Јовано, Јованке“, „Македонско девојче“ и „Што имала к’смет Стамена“, ја претстави својата нова песна насловена „Ветер шуми“. Станува збор за авторска тема, чија музика е на самите членови на групата, а стиховите се на Марко Кочар, додека продуцент е Дејан Берден.

Во песната, за која од бендот велат дека е врз основа на вистинска приказна, гостува вокалната група „БелеТинке“ и трубачот Урбан Колар, а воедно е и втор сингл од нивниот трет студиски албум што го најавија на крајот на минатата година со „Кама идеш“. Како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑