Балкан 32000_tale_af

29 ноември, 2012

Ветено – сторено! Калиопи се запозна со Лука

Откако неодамна на српското шоу „Јас имам талент“ еден од најмладите кандидати годинава, малиот Лука Стојичевиќ изјави дека причина за неговото пријавување беше желбата да се запознае со нашата дива Калиопи, пејачката реши да му ја исполни желбата. Таа деновиве самата отпатува во Белград и го посети нејзиниот голем фан во неговиот дом, а во изминатите денови тие комуницирале преку телефон. По ова искуство Лука изјавил дека помеѓу нив има некоја „космичка врска“. Ексклузивните фотографии од оваа средба ги објавија неколку српски портали.

Погледнете колку голема беше радоста на малиот Лука кога се запозна со неговата омилена пејачка Калиопи!

Фото: Story.rs

 

 



Врати се горе ↑