Видео

11 јуни, 2018

Весело во студио! Дарко и Лина го најавија новиот хит

Пинковата ѕвездичка Лина Пејовска продолжува успешно да ја гради својата кариера, а судејќи по кусиот извадок од нејзиниот нов сингл, дефинитивно нè очекува уште еден хит од младата пејачка. Со ознаката „Hot & Cold / Топло – ладно“, што веројатно е насловот на новиот сингл, видеото е споделено на Инстаграм кај еден од најуспешните композитори и продуценти на Балканот, Дарко Димитров, кој заедно со Елена Ристеска ја потпиша и дебитантската балада на Лина – макфестовската „Ако ме сакаш“.

Со препев на српски јазик, за кој се погрижи Владимир Даниловиќ, „Ако ме волиш“ повторно ја врати Лина и на регионалната сцена, каде што заблеска токму во рамките на „Пинковите ѕвездички“, а на кој јазик ќе запее во новиот сингл, останува да дознаеме наскоро. Кусиот извадок од новата песна слушнете го во продолжение.



Врати се горе ↑