Балкан V2_1

12 февруари, 2013

Верзија 2 со албум повикува на колективно будење!

Белградското енергично трио Верзија 2 составено од Александар Марковиќ (вокал и бас гитара), Милош Марковиќ (гитара) и Дејан Николиќ (тапани) го овјави својот прв албум насловен „Пробуди ме“.

„Втора верзија на реалноста, нешто што ќе Ве пробуди барем во тие триесет минути колку што трае албумот. Албумот без разубавување ја отсликува реалноста на животот, тежината на денешното време која секој ја почувствувал, живеејќи и прилагодувајќи се на начинот на живот на овие простори. Музика и емоции во склад со ситуацијата“ – со овие зборови членовите на групата го опишуваат концептот на албумот.

Интересно е тоа што насловната фотографија на албумот, која може бесплатно да се преземе од веб страницата на бендот www.verzija2.com, е дело на дизајнерот Бен Браун, кој соработувал со големи имиња како што се Бон Џови и Тони Левин.

„Мило ми е што имав можност да и помогнам на групата Верзија 2 и да придонесам за албумот. Импресионирам сум со тоа што го направија, музиката е навистина неверојатна.“ – уметникот од Америка не го криеше задоволството, искористувајќи ја можноста да ја истакне желбата дека би сакал да го види белградскиот бенд на концерти во САД.

Комплетниот процес на снимање, продукција и мастеринг на изданието „Пробуди ме“, ова трио го реализираше во сопственото студио. „Пораката на албумот е дека нема предавање. Со овие песни сакаме да пренесеме вибрации искрено и без комерцијализирање на текстовите и музиката, не се прашуваме што ќе мислат другите, ниту пак работиме со предумисла. Не се трудиме да ја наречеме музиката со какво било име, тоа е она што излегува од нашите умови, прсти, звучници… Се надеваме дека ушите кои ќе слушаат ќе ја разберат пораката која самите зборови не можат да ја објаснат.“ – заклучија едногласно од бендот Верзија 2.

 



Врати се горе ↑