Аудио Martinmmm

23 октомври, 2012

„Верувај во нас“ е новата песна на Мартин

Уште една нова надеж на македонската музичка сцена. Станува збор за млад музичар од Виница кој учи во средното музичко училиште во Штип. Мартин Атанасовски е активен со свирки заедно со неговиот бенд, но пред извесно време ја започна и неговата соло кариера со песната „Како ли да заборавам“ на која се потпишува сам и на музиката и на текстот. Свири гирата и клавир, а професионално учи соло пеење. Неодамна Мартин ја промовираше и неговата втора песна со наслов „Верувај во нас“. Пораката на оваа песна е дека постои надеж и решение за се доколку веруваме во тоа. Текстот е на Мартин Атанасовски и Ангел Ефремов, а за музиката се погрижи Никола Тефов. Снимена е во Sound & Art production каде продуцент е Никола Тефов.

 



Врати се горе ↑