Галерија

21 февруари, 2017

Верица Пандиловска заврши со снимање на новиот видео запис

Верица Пандиловска деновиве го снимаше својот нов видео запис за повратничката песна насловена „Нема да остареш“, која се најде на минатогодишниот албум „Само за тебе“.

„Почитувани, со големо задоволство Ви најавуваме дека конечно ќе биде презентиран нов видео запис. Песната ’Нема да остареш’ е конечно екранизирана. Промоцијата на видео записот и албумот ’Само за тебе’ ќе бидат НАСКОРО! До тој ден редовно ќе Ве информираме и ќе Ви презентираме фотографии од новата фотосесија која ќе ја прати целокупната промоција. Фотографиите како и видео записот се во режија на долгогодишниот соработник Дејан Миличевиќ, а шминката е на Сергеј Варошлија, соопшти пејачката на Фејсбук.

Новото видео се снимаше во скопскиот хотел „Буши“, а дел од атмосферата на снимањето можете да погледнете на фотографиите во продолжение.

16708515_10154388022220829_727849663840276_n 16797403_10155037897816719_5734026552395561650_o

16730324_10154388023030829_1508526424409235836_n

16683852_10154388022390829_959825506532578279_n

16649143_10154388021950829_9105068922215204610_n

16640982_10154388032525829_4365881834873922404_n

вп



Врати се горе ↑