Аудио gvp-cd

17 септември, 2015

Верица Пандиловска и тамбурашите „Гезме“ пеат за „Черги две“

Додека сме во исчекување вториот албум на Верица Пандиловска да биде пласиран и испромовиран, со голема чест Ви ја претставуваме новата верзија на „Черги две“, во придружба на тамбураши „Гезме“, која покрај што ќе биде дел од споменатиот албум, веќе е дел од албумот „Птицо малечка“, промовиран пред една недела (10.09.2015) во ресторан „Дион“.

 

Албумот „Птицо малечка“, насловен по единствената нова и авторска композиција (дело на Горан Михајловски), е самостојно промотивно издание на „Гезме“ и претставува фузија од македонски поп евергрини и хитови и неповторливиот звук на тамбурите кои аранжмански се прилагодени, преработени и одсвирени од членовите на „Гезме“.

 

За вокалните изведби се задолжени изведувачите кои ги имаат отпеано оргиналните верзии, единствено за жал „Опасно сум вљубен во тебе“ останала недоработена и во чест на Драган Каранфиловски Бојс е дел од албумот, но во изведба на члeновите на „Гезме“.

1. „Птицо малечка“ 
2. „Есен во мене“ со Елена Ристеска
3. „Осамен“ со Трајче Манев
4. „Свирете ја зајди, зајди“ со Олгица Христовска
5. „По навика“ со Бени
6. „Две черги“ со Верица Пандиловска
7. „Таму кај што си“ со Ристо Самарџиев
8. „Нешто убаво“ со Ребека
9. „Море од солзи“ со Ламбе
10. „Црно на бело“ со Дани
11. „Како да заборавам“ со Симона Попоска
12. „Опасно сум вљубен во тебе“



Врати се горе ↑