7 март, 2017

Верица Пандиловска го промовираше видеото за „Нема да остареш“

Во хотелот „Буши“ во Скопје, Верица Пандиловска вчера го промовираше својот нов видео запис за темата „Нема да остареш“, како и албумот „Само за тебе“, кој беше објавен минатото лето.

„Возбудена сум затоа што многу ретко имам можност да зборувам пред олку многу драги луѓе. Само сакам да испратам една порака бидејќи живееме во време кога луѓето не се забележуваат, би сакала да испратам порака дека јас би сакала да живеам во свет во кој луѓето сочувствуваат едни со други, се сакаат едни со други и се почитуваат едни со други… Ние уметниците сме тука за да понудиме една нова светлина во ова тешко време на живеење и да ги освежиме сите оние околу нас со песна, со своја интерпретација и со нешто наше што од сè срце го работиме“, се обрати Верица пред присутните и јавно се заблагодари до својот сопруг и целиот тим кој работеше на проектот.

На промоцијата збор зеде и нејзиниот долгогодишен соработник Дејан Миличевиќ, кој откри дека пејачката планира да се пробие и на српскиот пазар, каде што нејзиниот вокал ќе биде вистинско освежување на тамошната музичка сцена.

16996031_10155365074889367_6651126911573245918_n

Албумот содржи 11 песни (Черги две, Нема да остареш, Ѕвезден пат, Само за тебе, Можеби сум луда, Северно од тебе, јужно од мене, Кактус, Ти не си таков, Врати ми го мигот и како бонус, тамбурашката верзија на Черги две).

На песните работеле разни реномирани автори како Салваторе Монети (Само за тебе и Врати ми го мигот), Васко Серафимов (Черги две), Дарко Димитров (Нема да остареш), Љупчо Мирковски (Ѕвезден пат), потоа бугарскиот композитор Светослав Лобошки (Кактус), Кристијан Габроски (Можеби сум луда), Калиопи (Северно од тебе, јужно од мене), а некои од нумерите се продуцирани од Валентино Скендеровски

Како специјални гости на албумот се појавуваат хорот „Рустико“ на маестро Запро Запров и тамбурашкиот оркестар „Ѓезме“ од Куманово.

13707514_10154531657399367_2762500378271315205_n



Врати се горе ↑