За Вас biblioteka 1

20 април, 2015

Велешани кажаа големо „ДА“ за книгата

„Да читаме повеќе за да бидеме подобри луѓе, а мудроста од книгите да ја преточиме во нашето секојдневие. Да читаме повеќе за нашите зборови да бидат полни со убавина, а од зборовите што ги користиме да создаваме само романтични приказни. Среќни и во исто време горди сме што велешани кажаа големо ДА за книгата“, истакна Дејан Павлевски од клубот „Матица“

Успешно заврши Саемот на книгата во Велес, кој се организираше во рамките на турнејата на книгата „ДА за книга“. Клубот „Матица“ во соработка со театарот „Јордан Х.К. Џинот“, библиотеката „Гоце Делчев“ и општина Велес, пред граѓаните на Велес ја претстави својата богата продукција, а како што истакнуваат организаторите, велешани кажаа големо ДА за книгата. Бројни наслови од истакнати македонски и светски автори, со неколку промоции и спојот на книгата со театарот беше една голема новина и освежување во градот на културата за 2015 година.

По завршувањето на саемските активности, во рамките на договорот „Од читателите – за читателите“, клубот „Матица“ во  библиотеката „Гоце Делчев“ донираше повеќе од 200 наслови од својата најнова продукција.

Куманово е следниот град во кој ќе биде организиран саемскиот караван „Да за книгата“ на клубот „Матица“.

 



Врати се горе ↑