Видео

28 март, 2019

Велешанецот Нешо го опеа нашиот „Балканизам“

Велешкиот рапер Ненад Ставровски, кој се крие зад псевдонимот Нешо и е член на хип-хоп екипата „Авторизација“, реши да го опее гнилото секојдневие на нашиот полуостров во темата соодветно насловена „Балканизам“. За музиката и аранжманот се погрижи неговиот сограѓанин, продуцентот Темелко Андреев, чиј потпис стои и на миксот и мастерингот, а стиховите се на самиот Нешо.

„Со ова прекрасно ремек-дело започнав да го презентирам мојот прв соло-албум ’БАЛКАНИЗАМ’, кој јавно изјавувам дека ќе излезе во етер во втората половина на месец април 2019. Но тоа не е сè – во моментов снимаме видео спот за песната ’Ќе биде’ заедно со Валери Димовска . Прекрасна песна која верувам ќе ве изненади како што ве изненади ’БАЛКАНИЗАМ’, а самоуверен сум дека спотот ќе ве изненади, знаејќи кои ликови гостуваат во него – ИЗНЕНАДУВАЊЕ! Благодарение на мојот, пред сè, брат и незаменлив продуцент Темелко Андреев, кој се грижи на звукот да не му фали ни едно влакно !!!! Морам да спомнам за нашиот изглед во овој видео запис ќе се погрижи ’Револушн’… Една љубов до секој еден“, напиша Нешо претставувајќи го своето соло-првенче.

„Балканизам“ стигна во комплет со видео снимено во родниот Велес, а на Нешо поддршка му даваат и членовите на навивачката група „Гемиџии“. Сето тоа визуализирано од страна на продукцијата „Сајдчејн“ можете да го видите и слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑