Настани 38c6280a-9e56-448d-9dd4-6a76ad0bca7b

18 март, 2016

„Вексинс“ и гитарските бунтовници на „Егзит“!

Една од најдобрите концертни групи на современата рок сцена, „Вексинс“ (The Vaccines), ќе настапи премиерно на „Егзит“ во сабота, 9 јули! Фуриозната четворка од Лондон во официјалниот избор за најдобар британски бенд во живо, се најде рамо до рамо со бендовите како што се „Колдплеј“, „Мамфорд енд санс“, „Мјуз“ и „Ролинг стоунс“! Критичарите ги споредија „Вексинс“ со легендарните „Рамоунс“, а нивните албуми ги достигнуваат првите места на најважните светски топ листи. Дури и нивниот деби албум беше меѓу најпродаваните во 2011 година кога воедно беа добитници на „Ен-ем-и“ (NME) наградата за најдобар нов бенд! Ним, на главната бина на „ЕГЗИТ“ ќе им се придружи „Тинаривен“ (Tinariwen), групата на вистинските бунтовници против тиранската влада во Мали, кои оружјето го заменија со гитарите и планетарното признание за својата уметност, со што станаа и едни од најзначајните претставници на музиката на светот. Пустинските блузери се сопственици на „Греми“ награда за најдобар „ворлд мјузик“ албум, а на нивното музичко творештво отворено му се восхитуваат и ѕвездите како Боно Вокс, Карлос Сантана, Роберт Плант, Том Јорк, Хенри Ролинс и многу други. На Петроварадинската тврдина своето гостување го потврдија бендови од сите делови на светот, меѓу нив и грчкиот рок состав „Тјубер“ (Tuber), жестоките Белгијци „Блек Харт Ребелион“ (The Black Heart Rebellion), како и новозеландскиот кантавтор Грехам Кенди (Graham Candy).

 

„Вексинс“ носат мешавина на ретро сурф панк звукот со „Рамоунс“ гитари и високоенергични мелодични делници. Нивниот свеж гитарски звук, духовитите современи текстови и доследноста на музичката естетика набргу ги позиционира како еден од најрепрезентативните и најактуелните состави на современата рок сцена. Деби албумот „What Did You Expect from The Vaccines?“ многу бргу доби платинест тираж, а за само осумнаесет месеци подоцна со новото издание „Come of Age“ да го достигнат првото место на британската листа на најдобри албуми. Потоа следеа настапите на водечките светски фестивали како што се „Гластонбери“, „Ти ин д парк“, „Коачела“ и „Фуџи Рок“. Пресврт во кариерата направија со актуелниот албум „English Grafitti“, кој „Гардијан“ го опиша како „високооктанска дистопија со чудовишни рифови“.

a6471762-e1b3-4a59-9158-55184883d16b

„Тинаривен“, чие име на јазикот на Туарезите значи „пустини“, кариерата ја започнаа како туарешки бунтовници против малиската влада, во кампот на Гадафи, во осумдесеттите години, за во 2007 година по албумот „Aman Iman“ да го добијат заслуженото меѓународно внимание и поддршка од страна на најголемите музички ѕвезди како што се Боно Вокс, Карлос Сантана, Роберт Плант, Том Јорк, Крис Мартин и многу други. Истата година ја добиваат и „Би-би-си“ наградата за „ворлд мјузик“. Албумот „Tassili“ од 2011 година на сахарските блузери им ја донесе заслужената „Греми“ награда за најдобар „ворлд мјузик“ состав, а на „Егзит“ фестивал ќе го претстават и својот последен албум „Emmaar“ од 2014 година, снимен во „Џошуа Три“ пустината во Калифорнија каде што привремено се преселија по бегството од исламистите и кој им донесе признанија од светските медиуми како „Ролинг Стоун“, „Ле Монд“, „Њујоркер“, „Тајмс“ и многу други. Борците за права на својот народ ќе го споделат со посетителите на фестивалот својот блуз за туарешкиот бунт против власта, туарешките племиња и нивните авантури во пустината, за војните, но и убавината на пустините, небото и земјата, како и носталгијата за родниот крај од кој мораа да ги спасуваат своите живот.

 

Од Грција на „Егзит“ доаѓа групата „Тјубер, која својата инспирација ја претвора во моќен и темелен психоделичен инструментал-рок, втемелен на чиста изведба во живо. Белгискиот состав „Блек Харт Ребелион“ носи неверојатна мешавина на стилови и слобода во вкрстувањето на различните правци, со помош на кои на фановите им носат постојано нова енергија.  Од Нов Зеланд доаѓа 25-годишниот музичар и глумец Грехам Кенди, со својата неверојатна инди-поп енергија со која ќе ја маѓепса Петроварадинската тврдина.

„Егзит“ фестивал годинава ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „Егзит“ Авантурата патува на Јадранско море на третиот „Си Денс“ фестивал од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ellie Goulding, Wiz Khalifa, Hurts, Skrillex, Bastille, Dimitri Vegas & Like Mike, Stormzy, Lost Frequencies, Solomun, Robin Schulz, Nicky Romero, Cock Sparrer, Anti-Flag, Dub Pistols, DJ Hype, Andy C, Tommy Four Seven и бројни други.



Врати се горе ↑