16 март, 2017

Вејчеслав Поповски со нова песна на англиски јазик

Младата музичка звезда Вејчеслав Поповски, во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТВ, деновиве го промовираше својот нов сингл на англиски јазик насловен „You And Me“. Комплетен автор на оваа прекрасна балада со музика, аранжман и текст е продуцентот Дејан Георѓиевски-Ѕене, кој создаде дело што во целост ни го претстави потенцијалот и огромната енергија и емоција која ја носи во себе Вејчеслав како уметник со прекрасен и колоритен вокал.

vejce

Првиот снимен материјал и пврото свое цеде „Бисери“, на свои 11 години Вејчеслав го сними токму со продуцентот Ѕене, кој многу добро го познава неговиот вокален капацитет и не е случајно што авторот создал вакво добро музичко дело кое надалеку ќе се слуша. Наскоро ја очекуваме и македонската верзија на прекрасната „You And Me“, кое дело искрено се надеваме дека нема никој да остави рамнодушен и ќе допре до срцата на публиката.



Врати се горе ↑