Македонија 31577_123908121105112_1386671649_n

8 март, 2013

Вечерва започнува „Танц со ѕвездите“

„Танц со ѕвездите“ премиерно ќе започне да се прикажува од денеска, 08.03.2013, на првиот канал на Македонската телевизија. Првиот дел од епизодата каде што ќе видиме 5 парови ќе се емитува вечерва во 20:45 часот, а вториот дел каде ќе ги видиме останатите 5 парови ќе се емитува во сабота во истиот термин.

Танцовите двојки се подготвени да заблескаат во нивното препознатливо светло на дрвениот под за танцување во новото студио на МТВ, досега најголемо од ваков тип во земјава. Гламурозните костими во кои ќе настапуваат нашите ѕвезди и нивните партнери за танцување се готови, а пробите непрекинато се одржуваат секојдневно.

Водителскиот пар кој ќе нè води во секоја нова емисија е подготвен да го најави стартот на првата сезона на шоуто. Добро познатите Тони Михајловски и Симона Николовска ќе го направат шуото „Танц со Ѕвездите“ уште поспектакуларно од што е самото по себе, а гледачите ќе имаат можност во некоја од емисиите да бидат сведоци и на умешните танчерски вештини на самите водители.

Предизвикот е голем, а конкуренцијата помеѓу натпреварувачите е дотолку поизразена со самиот факт што секој од нив е професионалец во својата област и ќе направи сè за да се докаже и на штиците за танцување. Победникот кој ќе ја понесе титулата за најдобра танцова двојка ќе се бара помеѓу пејачите Викторија Лоба, Александар Белов, Аделина Тахири, актерите Јелена Јованова, Васил Зафирчев, Висар Вишка, ракометарката Андријана Будимир, спортскиот новинар Бранко Чупески, лото девојката и топ модел Маријана Станојковска и нивните професионални денс партнери.

Ова популарно шоу е реализирано од страна на Македонската радио телевизија во соработка со „Дрим фектори“. 



Врати се горе ↑