Македонија taksirat_01

23 ноември, 2012

Вечерва започнува „Таксират 14“

Од вечерва, петок 23-ти ноември, започнува и четиринаесеттиот по ред фестивал Таксират. Настаните официјално ќе започнат со првата музичка Пин конференција која ќе се одржува од денеска до 25-ти ноември, а офф програмата ќе започне со концертот на Нувел Ваг во вторник.

Традиционалниот позитивен концерт на Таксират 14 на први декември е резервиран за Суперхикс, кои во Метрополис Арена ќе го прослават своето полнолетство, 18 години постоење, и промоција на новиот албум „Африка“.

Главната фестивалска вечер е закажана за 8 декември кога на сцената на Метрополис Арената во Скопје ќе се појават: Скиндред, Че Судака, Чиста Околина, Тања Стивенс, Паров Стелар, Кирил Џајковски и Ван Гог. Билетите сè уште чинат 450 денари до 5 декeмври, по што ќе поскапат на 600, а на денот на концертот се 750 денари.



Врати се горе ↑