Балкан Ja_imam_talenat!_2012_logo

18 ноември, 2012

Вечерва започнува шоуто „Јас имам талент“

Вечерва со почеток од 21 часот на Радио Телевизија Србија ќе започне шоуто „Јас имам талент“ на кое се пријавени околу 7000 кандидати од целиот регион. За сега не се знае дали и колку има пријавени од Македонија. Во вечерашната прва емисија ќе можеме да видими и натпреварувачи кои се пријавиле само за да се запознаат со Иван Тасовац, кој е дел од жирито заедно со Иван Босиљчиќ и Наташа Нинковиќ. Ќе биде интересно да се види како звучи кога некој ќе посвети песна на авто-сообраќајното претпријатие кадешто работи, или пак како иден пластичен хирург се обидува да ги шармира членовите на жирито.

Годинава ќе има промени во шоуто, продуценти од Англија ќе им помагаат во сценографијата и светлото, а и самите емисии се снимаат во HD систем. Покрај пријавените од регионот, има кандидати и од Бразил, Мексико и Германија.

 

Извор: blic.rs



Врати се горе ↑