Настани sahara-miroven-festival

1 октомври, 2013

Вечерва започнува Сахара Балканскиот мировен фестивал

Голем спектакуларен перформанс со танчари од Индија и од Македонија вечерва ќе се одржи по 23 часот на плоштадот Македонија во Скопје. За оваа цел од Индија доаѓаат танчари од светски познатото студио на Шајмак Давар. Давар досега работел со артисти како Стинг, Брајан Адамс и Еди Грант, а соработка има со Опра Винфри, Том Круз, Ричард Гир, Вил Смит, Мајлк Даглас и Стиви Вондер. Досега е режисер на глобални настани како Затворањето на игрите на Комонвелтот во 2006 година во Мелбурн и 2010 година во Делхи.

За првпат ќе биде изведена песната „Мајка“ посветена на мајка Тереза. Полчасовниот перформанс пред Камениот мост во Скопје ќе биде дополнет со танц на неколку стотини танчери од балетскиот училишен центар и изведување на сопствена песна на малиот Ангел Бекарски. На самиот настан ќе бидат испратени пораки за мир.

Сината боја за мир во светот. Ова е основниот мотив што следните два дена ќе биде присутен за време на одржувањето на Сахара Балканскиот мировен фестивал. На фестивалот присутни се гости од околните земји како и миротворци од европските земји, а како еден од главните говорници на мировниот самит ќе биде Тони Блер.

Утре следува и дебата за мирот организирана за невладиниот сектор, обраќањето на главните говорници на мировниот самит и доделувањето на награда за мир, како и свечената вечера во организација на Сахара Групацијата.

Заради временските услови најавената штафета на мирот, организаторот Сахара Групација ја откажува со оглед на тоа дека штафетата беше предвидено да ја носат и деца спортисти.

 



Врати се горе ↑