Настани 1

18 јули, 2013

Вечерва започнува прилепскиот Фестивал на пивото 2013

Вечерва со почеток од 20 часот ќе започне единаесеттото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп. Четиридневниот настан ќе го отвори Вера Јанковиќ, по неа ќе следат настапите на Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски и Дани, а точно на полноќ сцената ќе ја преземат хрватите Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, односно 2Cellos.

Програмата деновиве беше дополнета и со нашата прекрасна и единствена Калиопи, која неодамна ги покани сите фанови да запеат на нејзиниот фестивал. Калиопи ќе ги распее прилепчани утревечер со почеток од 21 часот, а дел од оваа вечер ќе бидат и Давид Нешкоски Трио, Владо Георгиев и романската ѕвезда Ина. Во сабота и недела се предвидени настапите на Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, Данијела Мартиновиќ, Халид Бешлиќ, Зоран Џорлев, Бјорко и Копенгахен чалгија, а манифестацијата ќе се заокружи со настапот на балканската легенда Горан Бреговиќ.

Целосната програма и распоредот на настапи можете да го видите на следниот линк.

 

 



Врати се горе ↑