Očekuje nas najuzbudljivija faza takmičenja! #xfactoradria #bootcamp #nedelja #ponedeljakTonci Huljic & Madre Badessa (Official) Oficijalni Aleksandra Kovac fan page Zeljko Joksimovic Massimo (Official)

Posted by X Factor Adria on сабота, 25 април 2015

26 април, 2015

Вечерва започнува најдраматичната фаза од „Х фактор“

Откако ги прегледавме аудициите за втората сезона на „Х фактор“, од вечерва ќе имаме можност да ја следиме највозбудливата и најдраматична фаза од натпреварот. Имено, на самиот почеток, на Жељко, Александра, Тончи и Масимо ќе им биде доделена по една категорија (момчиња, девојки, вокални групи и постари од 27 години), а потоа следува вистинска борба за опстанок. Судиите, односно менторите ќе имаат тешка задача да одлучат кои 6 натпреварувачи од четирите категории ќе поминат во следниот круг од натпреварот.

Но, она што ја прави оваа фаза најнапната е фактот што, иако одреден натпреварувач си заслужил место за следниот круг, ништо не е загарантирано до самиот крај! Веќе следниот кандидат, кој според мислењето на својот ментор е подобар, може да продолжи понатаму, односно да му го преземе местото на претходниот, и така сè додека не се одберат конечните 6 натпреварувачи од секоја категорија.

Ќе биде навистина стресно, возбудливо и напнато до самиот крај, како за натпреварувачите, така и за гледачите, а особено за судиите, бидејќи најголемиот притисок е токму врз нив. Вечерва ќе видиме како ќе се измачат Александра Ковач и Масимо Савиќ (според најавата тоа ќе бидат категориите момчиња и постари од 27 години), додека Тончи Хуљиќ и Жељко Јоксимовиќ ќе ја направат оваа тешка одлука во понеделник.

„Навистина не очекував, но оваа ситуација толку емотивно ме ’изгази’ што не можев ни да поверувам. Буквално, емотивно се измачив. Директно влијаеш врз нечија судбина. Беше навистина тешко да се одлучи кој да остане, а кој да си замине дома. Жељко ме предупредуваше на тоа, но не му верував сè додека не се најдов во таа ситуација“, изјавил Масимо за српски „Блиц“.

Првата епизода од регрутниот камп и предизвикот на 6-те столчиња ќе започне вечерва во 22 часот на телевизија „Сител“.



Врати се горе ↑