Македонија P

26 октомври, 2012

Вечерва започнува МакФест 2012

Конечно дојде и тој период од годината кога премиерно ќе ги слушнеме новите потенцијални хитови на македонската музичка сцена. Како и секоја година во месец октомври, центарот на музичките настани е во градот Штип.

Вечерва со почеток во 21 часот, на Македонската Телевизија во живо ќе се емитува првата полуфинална вечер од дваесет и седмото издание на МакФест, која што ќе започне со настапот на Антонио Тасевски и неговата изведба на песната „Дим“. На оваа полуфинална вечер ќе бидат изведени во живо 18 песни, од кои три се дуети. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе запеат веќе докажани музички имиња, но и дебитанти кои за прв пат ќе се претстават на публиката. Рефрените од сите песни веќе извесно време се пуштени во етер на сите радио станици, така што сигурно веќе секој од нас има свој фаворит.

Второто полуфинале е утревечер, а кој ќе биде победникот или победниците на овогодинешното издание ќе дознаеме во недела, 28ми октомври. На сите учесници им посакуваме многу среќа, а Вам Ви посакуваме пријатна вечер покрај малите екрани. Во продолжение слушнете ја и официјалната химна на МакФест 2012, песната „Почувствувај го ритамот“ во изведба на Викторија Лоба.

 



Врати се горе ↑