Настани ESC2014_TV_Graphics

6 мај, 2014

Вечерва започнува Евровизија 2014

Со почеток од 21 часот вечерва ќе имаме можност да ја проследиме првата полуфинална вечер од 59-тото издание на Евровизија во чии рамки ќе ги слушнеме песните на 16 земји. Домаќини на манифестацијата која ќе се одржува во aрената B&W Hallerne во Копенхаген, Данска ќе бидат Николај Копел, Пилу Есбек и Лис Рон. Од балканските земји ќе ги видиме претставниците на Црна Гора и Албанија, односно Сергеј Четковиќ и Херсијана Матмуја, а редоследот е следниот:

  1. Ерменија: Арам Мп3 – Not Alone
  2. Латвија: Арземниеки – Cake To Bake
  3. Естонија: Тања – Amazing
  4. Шведска: Сана Нилсен – Undo
  5. Исланд: Потлапанк – No Prejudice
  6. Албанија: Херсијана Матмуја – One Night’s Anger
  7. Русија: Сестри Толмачеви – Shine
  8. Азербејџан: Дилара Казимова – Start A Fire
  9. Украина: Марија Јаремчук – Tick-Tock
  10. Белгија: Аксел Ирсу – Mother
  11. Молдавија: Кристина Скарлат – Wild Soul
  12. Сан Марино: Валентина Монета – Maybe (Forse)
  13. Португалија: Сузи – Quero Ser Tua
  14. Холандија: Д Комон Линетс – Calm After The Storm
  15. Црна Гора: Сергеј Четковиќ – Mој свијет
  16. Унгарија: Андраш Калај-Сондерс –  Running

Само 10 од овие 16 земји вечерва ќе си обезбедат пласман во финале, а како помина синоќешната последна проба можете да видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑