Настани eurovision-2013-logo-we-are-one

14 мај, 2013

Вечерва започнува Евровизија 2013

Вечерва од 21 до 23 часот ќе се одржи првата полуфинална вечер на 58-то издание на Евровизија, а настанот од Малме арената во Шведска ќе биде пренесуван во живо на сите национални телевизии. Од 16-те земји кои ќе се претстават вечерва, само 10 од нив ќе обезбедат пласман во големото финале кое ќе се одржи во сабота, 18-ти мај. Водителка на манифестацијата ќе биде Петра Меде, која е позната шведска комичарка, танчерка и тв водителка. Прва ќе настапи Наталија Кели од Австрија, а последни ќе бидат претставничките на нашиот северен сосед – Мирна, Сара и Невена, кои под името Моје 3 ќе ја отпеат „Љубав је свуда“. Редоследот на земјите учеснички од вечерашната прва полуфинална вечер е:

  1. Austria: Natália Kelly – Shine
  2. Estonia: Birgit – Et Uus Saaks Alguse
  3. Slovenia: Hannah – Straight Into Love
  4. Croatia: Klapa s mora – Mižerja
  5. Denmark: Emmelie de Forest – Only Teardrops
  6. Russia: Dina Garipova – What If
  7. Ukraine: Zlata Ognevich – Gravity
  8. The Netherlands: Anouk – Birds
  9. Montenegro: Who See – Igranka
  10. Lithuania: Andrius Pojavis – Something
  11. Belarus: Alyona Lanskaya – Solayoh
  12. Moldova: Aliona Moon – O Mie
  13. Ireland: Ryan Dolan – Only Love Survives
  14. Cyprus: Despina Olympiou – An Me Thimasai
  15. Belgium: Roberto Bellarosa – Love Kills
  16. Serbia: Moje 3 – Ljubav Je Svuda

Резултатите од гласањето ќе се добијат со збирот од гласовите на експертската жири комисија и од телефонското гласање на публиката по принципот 50/50. Како што пренесува eurovision.tv, членовите на жири комисијата веќе ги донеле своите одлуки кој ќе оди понатаму откако синоќа во живо ги проследиле изведбите на учесниците, но сè уште не ги откриле своите гласови. Телефонското гласање ќе се одвива во живо за време на шоуто, веднаш по последната изведба.

Гледачите од 16-те земји кои се натпреваруваат вечерва, како и оние од Шведска, Италија и Велика Британија, ќе имаат можност да гласаат за нивната омилена песна на броевите кои ќе бидат прикажани на нивните национални телевизии. Кога ќе заврши телефонското гласање, бројот на гласови од публиката ќе биде собран со гласовите од жири комисијата, а земјите кои ќе се пласираат во финале ќе бидат откриени на крајот од вечерта, како и секоја година.

Токму на оваа полуфинална вечер ќе ги видиме и најголемите фаворити за победа (според обложувалниците), а тоа се данската „Olny Teardrops“ и руската „What If“, а одлично котира и холанската „Birds“ во изведба на Анук, но кој ќе ја понесе титулата победник на Евровизија 2013 ќе дознаеме во сабота вечер.

Што сè ќе видиме и слушнеме вечерва на евровизиската сцена во Малме, можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑