Македонија макфест

6 октомври, 2017

Вечерва второ полуфинале на „Макфест 2017“

После одличната прва полуфинална вечер, 32. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“ вечерва продолжува со второто полуфинале, во чии рамки ќе слушнеме уште 15 нови композиции. И овој пат на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе запеат дел добро познати имиња, дел дебитанти, како и неколку гости од странство, а редоследот за настапи е следниот:

  1. Ана Костовска – Сега друго е
  2. Боби Мојсовски – Опасен вирус
  3. Соња Бишоп (Финска) – The Land Of My Song
  4. Македон – Разболела се
  5. Наде Талевска – Приказна за нас
  6. Антонија Гиговска – Погледни ме
  7. Тања Би – Трепет
  8. Девојките – Боите на љубовта
  9. Мартинијан Кириловски – Дождови
  10. Влатко Илиевски – Вило вилена
  11. Марија Ичкова – Одговори ми
  12. Само Тони и две жени – Луда мала
  13. Елвира Мичиева (Азербејџан) – Sing That Song
  14. Гунеш (Белорусија) – Неба
  15. Марија Груевска – Ме правиш среќна

За вашите фаворити можете да гласате со испраќање на нивниот реден број (01, 02…15) на бројот 141 730, а секоја СМС порака чини 10 денари плус ДДВ. Од една СИМ-картичка може да се гласа само еднаш за една композиција, односно можете да дадете по еден глас за повеќе композиции. Почетокот и крајот на гласањето ќе ги најави водителот на фестивалот.

И овој пат само 9 од петнаесетте полуфиналисти ќе си обезбедат пласман за утрешното финале, а што ќе ни понуди оваа група изведувачи ќе дознаеме вечерва со почеток од 20.30 часот на собранискиот канал на МРТ. Среќно!



Врати се горе ↑