Настани 1005729_10151762452081397_595975515_n

2 октомври, 2013

Вечерва во Галерија 8 – „Заборави… ако можеш“ со Драган Б. Костиќ

Мили наши почитувачи на делото „Забава со Грамафони“, конечно настанот го носиме до едно високо ниво, до ниво каде што музиката што ќе биде изведена ќе наликува на песна напишана од Џими Хендрикс и Џенис Џоплин,  на уметничко дело од Дали, на роман напишан од ЕрнестХемингвеј! Диџејот којшто е буквално ЛЕГЕНДА на нашето СКОПЈЕ, Господинот кој успешно има долгогодишна кариера во македонскиот етер, ГЛАС кој секогаш Ве асоцира на убави спомени и насмевки – ДРАГАН Б. КОСТИЌ! Тој е диџеј, радиоводител и вистинска инспирација за најголемиотдел од радиоводителите во Македонија (барем оние кои имаат доблест тоа да го признаат).

Тој  e човекот кој имаше среќа музиката како голема љубов да му биде животна професија. Господинот маестро ќе пушта автентични плочи од неговата енормно голема колекција, додека ние како домаќини ќе уживаме во неговата музика, виното, мезе – муабетот и во убавителуѓе!

Што вели Драган Б. Костиќ за музиката и неговите почетоци, неговото гледиште кон музиката некогаш и денес?
„Веројатно со работа, упорност, квалитет, постојаност. Јас впрочем не сум нешто особено евергрин ди џеј. Јас сум оној кој ги врти вчерашните хитови. Чекам некои од денешните, утре да станат вчерашни, за да ги вртам на журките. Од тоа време, времето на моите почетоци, до ова време – вселенска разлика. Поимот диџеј наполно сменет, функцијата иста – но односот на средината кон професијата сосема поинаков. Додека татко ми се срамел да каже што работи син му (за кого посакувал да биде машински инженер), сегашните родители се гордеат со професијата на синот. Ако четири децении пред тебе се менуваат генерации и сегашниве те сметаат за некаква слика и на своето време, значи дека си ги одбрал вистинските бои за да ја насликаш. Тајната е во боите, ама кога би ја открил, веројатно веќе не би била тајна.“

На овој настан поканети се исклучиво луѓе со префинет вкус за музка и разбирање од истата, останатите би Ве замолиле да почекате и да ги погледнете фотографиите од самиот настан! ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ СО ДРАГАН Б. КОСТИЌ!



Врати се горе ↑